На Петатта авенија во Њујорк, на само неколку блокови од Централ Парк, се наоѓа познатата кула на Трамп, која новоизбраниот американски претседател ја изгради во 1983 година.
Во неа се сместени канцелариите на Трамп како и раскошен пентхаус кој претставува негов примарен дом. Се протега на последните три ката од кулата и се проценува дека вреди 100 милиони долари.
Дизајниран е со цел да потсетува на Версајскиот дворец, па затоа изобилува со злато и дијаманти.
Во дневната соба владее совршена симетрија – мермерни ѕидови, прекрасни орнаменти во златна боја, кристални лустери, коринтски столбови, како и луксузен мебел во стилот на Луј Четиринаесети.
Големите прозорци нудат спектакуларен поглед од 66. кат на кулата кон Централ Парк и соседниот Њу Џерси.
Раскошниот ентерирер на пентхаусот на Трамп го креирал реномираниот дизајнер Анџело Донгхиа.