Во францускиот Парк на природата „Букле де ла Сен“ се наоѓа современиот дом наречен „Штала“, кој всушност е реновиран напуштен амбар кој долги години бил во урнатини.
При реконструкцијата, дрвената структура на градбата е зајакната со потпори од цинк со што е зачуван монолитниот и препознатлив рурален шарм на куќата.
Дополнитлните потпори се делумни видливи, со што фасадата делува како некомплетна конструкција која еродира од своето опкружување создавајќи архитипска куќа, која воспоставува врска со ентериерот и оддржува конекција со природното опкружување.
На едноставниот изглед на фасадата се надополнува и ентериерот на куќата кој го рефлектира карактеристичниот рустикален стил.
На првиот кат од куќата се сместени дневниот претстој, трпезаријата, кујната на две нивоа, главната спална соба и една помошна просторија, додека на вториот кат се наоѓаат четири спални соби.