Сместена во едно австриско село, оваа преубава куќа, е направена по пороектот на архитектот Александар Дием.
Осамената резиденција, која е наречена „Вила Ам Зe“, има сосема едноставна фасада со компликуван дизајн изработен од отсечоци од дрво. Сликите на самата фасада ги симболизираат храната и жетвата.
Панелите не само што се убаво направени и предизвикуваат воодушевување, туку се така изработени што можат да се отвораат или затвораат, зависно од потребите.
Уметничките елементи се вменати како дел од архитектурата на зградата. Ник Оберталер вградил интересни парчиња во подот на терасата, додека уметникот Пламен Дејанов, создал влезна врата каква што може да се најде само во селските куќи.
Во внатрешноста на структурата се наоѓа голема дневна соба со површина од 18 метри квадратни со високи тавани, додека на скалите не им даден посебен акцент.
Интересната и единствена дрвена фасада има прекрасен изглед, кој во исто време носи и светлина и сенки низ старите прозорци на панелите и воедно се создава убава и мирна атмосфера во домот.