Ноќни плакарчиња мебел потсетуваат на Пин-ап облека и формираат Unbutton collection.
Инспирирани од „откопчан“ провокативен ретро стил, овие парчиња мебел се совршено погодни за спални соби во кои внесуваат разиграност, но и елегантен момент.
Младата и талентирана романска дизајнерка Кристина Булат ги создаде ноќните плакарчиња како ретро мебел прикажан на кривулест дизајн и впечатливи детали кои даваат име на колекцијата.
Колекцијата ветува рамнотежа меѓу елегантен скандинавси дизајн и пин-ап инспирација.