ФОТО: Уметник секој ден земал различна дрога и цртал автопортрети

Од:

Американскиот уметник Брајан Луис Сандерс сакал да провери како ќе се измени неговата свест со користење на различни дроги. Земајќи секој ден различни наркотици, Сандерс направил дваесетина автопортрети, кој ги селектирал како порфолио под името „Дроги“ Брајан Луис Сандерс кој е од Вашингтон се обидел да нацрта автопортрет додека бил под влијание на марихуана, кокаин и други дроги.

„Бев во потрага по искуство кое суштински ќе го промени моето сфаќање за сопственото јас. Почнав експеримент во кој секој ден консумирав поинаква дрога и сликав автопортрети“, напиша Сандерс објаснувајќи ја колекцијата, пренесува „Дејли Мејли“.

Уметникот додава дека после некое време почнал да се чувствува „летаргично и како да му е оштетен мозокот“, така што правел и паузи од неколку дена, па продолжувал со експериментот.

Во колекцијата може да се види цртеж на кој авторот е облечен во маица со кратки ракави со слика на пони кој настанал под дејство на алпазолам, односно ксанакс.

Искуството полно со бои Сандерс го доживеал конзумирајќи хашиш, што е претставено со шарени спирали околу неговата глава. Цртежот што го прикажува уметникот под дејство на халуциногени печурки е полн со ситни детали, а Сандерс се претставил со очекарени очо и многу вознемирено. Сосема е поинаква претставата настаната под влијание на апсинт-портретот е едноставен, во црно бела техника и делува како да плаче.

И останатите цртежи се интересни и прикажуваат варијации на расположението. На еден од нив се наоѓа змија со ликот на авторот, додека на друг Сандерс е овековечен во мислечка поза.


Марихуаната ги инспирирала Сандерс да направи два интересни автопортрети


Левиот цртеж бил создаден дејство на арипипразол, а десниот под дејство на халоперидол


Со морфиум нацртал фараон, а димитилтриптаминот го навел да се нацрта од птичја перспектива


Првиот цртеж е под дејство на хидроморфон, а вториот е резултат на консумирање на масло од хашиш


За првиот цртеж нема објаснување, а за вториот дека авторот користел антибиотик цефалексин


Змија со лик на уметникот е нацртана под дејство на амфетамин, а замислениот Сандерс е дело на лекот против несоница


Авторот не го сокрил вознемирувањето од консумирањето на печурки, додека апсинтот го однел во многу помирни води.


Ксанаксот ја разбудил неговата љубов кон понито, а хашишот го навел да го види светот како многу пошарено место.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ