Во градот Гирона во Шпанија е изградена модерна куќарка, која со својот изглед претставува уметноста самата по себе.
Станува збор за објект чија намена е да биде атеље на уметник, во чии куќен двор е изградено.
Уметничкото студио е во форма на крст, при што централниот дел е двојно повисок од останатите четири крила, кои гравитираат кон него. Во состав на куќарката има мало складиште, чешма и простор за одмор.
Крај атељето има големо дрво, но тоа не го попречува погледот меѓу него и главната куќа. Од двата главни прозорци на студиото се пружа поглед кон аглите на дворот.
Идејата на студиото е да му се овозмои на уметникот да има свое катче одвоено од куќата, каде ќе може да работи во мир и тишина.