Прекраснaта трпезариска маса „Срф-Ејс“, претставува доказ дека сурфањето е се попопуларно и дека влегува во нашите животи на многу начини.
Дизајнерите на студиото „Дафи“ од Лондон презедоа многу буквален пристап на оваа тема и дојдоа на идеа да креираат исклучителна колекција на маси произведени со исти техники, кои ги употребувале старите производители на даски за сурфање.
Се сомневаме дека кој било очекувал да види трпезариска маса во форма на даска за сурфање, но таков е животот кога некој поседува интересен стан и ќе почне да работи на него, бидејќи тогаш можете да очекувате да бидете изненадени.
Секоја „Срф-Ејс“ маса прикажува класичен баланс на дрвен дизајн, кој потсетува на првите даски за сурфање кои ги користеле старите Хавајци.
Очигледно е дека вниманието кое е посветено на деталите и фините занаетски вештини вклучени во овој проект, се одраз на исклучителните карактеристики, заедно со мазните рабови и заоблени површини кои ја преплавуваат човековата перцепција.
Масите се креирани од едно парче дрво, што е многу импресивно и фасцинантно. Достапни се во неколку големини и финиши и направени се од повеќе различни типови на дрво.
Масите се доволно добри за восхитување, но доаѓаат со многу висока почетна цена од 23.600 долари.