Во францускиот скијачки центар Куршевил е изградена дрвена планинска вила, која ги содржи сите архитектонски вредности на националната традиција и култура и е одлично вклопена во природното опкружување на Алпите.
Современата вила „Шалет Кибо“, која е дело на младата архитектка Анжелик Бисјон, има капацитет за сместување на 11 лица во пет спални соби.
Вилата се наоѓа на околу 250 метри од жичарниците на популарните скијачки патеки и на иста оддалеченост од центарот на Куршевил. Таа е изградена од дрво и бетон и изгледа убаво и романтично.
„Шалет Кибо“ е уредена во модерен стил со современи, светли и функционални елементи и е исполената со голем број детали во разни бои.
Таа претставува одличен пример за хармонија меѓу едноставноста, луксузот и удобноста на животниот простор во една планинска куќа.