На крајбрежјето крај сините океански води дизајнерката Мелиса Вајгел изгради прекрасна куќа со морски детали и тиркизни акценти.
Во дневната соба на „Тиркизната куќа“ доминираат смирувачки неутрални нијанси на боите со голем број бели и синозеленикасти акценти кои го нагласуваат ентериерот. Оваа соба има големи порозрци и излез кон терасата од каде се пружа прекрасен поглед кон океанската шир.
Кујната е пространа и светла со бели ѕидови и таван и со дрвен под. Кујнските елементи се бели со дрвени акценти. Во кујната има рустикална комода и трпезариска маса израбоента од антички кинески врати околу која се поставени француски столици.
Главната спална соба е со големи прозорци, од ѕид до ѕид, во која доминираат бели и тиркизни нијанси. Мебелот е со светли неутрални бои, што на целата соба и дава мирен и спокоен изглед. Во аголот има удобна софа, која е совршена за опуштање и појадување со поглед преку прозорецот.
Собата за гости е ведра со неутрални нијанси на сивата боја, која се среќава и во ентериерот и во сликите на белите ѕидови.
Детската соба е со виолетови детали со кревет во аголот и елегантна работна маса и столица од трска.
Големата бања со мала доза на луксуз има када поставена крај прозорец, која е иделана за опуштање во топла купка, Во аголот има туша кабина со стаклени врати, а во целиот простор доминира огледало од ѕид до ѕид, што придонесува бањата да изгледа поголема и посветла.
„Тиркизната куќа“ е инспративна за уживање во топлите летни денови.