Тесната куќа во Ротердам е дизајнирана и во сопственост на холандските архитекти Гвендолин Хуисман и Маријн Ботерман.
Куќата има скриени прозорци во конструцијата на црни ѕидови од тула. Скриените прозорци можат да бидат забележани единствено ноќе кога собите се осветлени.
Куќата е сместена во тесен простор настанат во празнината меѓу зградите и е на површина од 3,4 метри ширина и 20 метри во длабочина.
Пропорциите на куќата се тесни и долги во однос на нејзината висина.
Две паралелни бетонски греди се протегаат вертикално во внатрешноста на куќата, пренесувајќи го товарот директно во масивните темели на објектот.