За сликите на една германска уметничка без соменине може да се рече дека се полни со живот.
И тоа буквално. Поточно, Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско платно туку човечки тела.
На тој начин таа успева телата на своите модели да ги претвори во движечки ремек-дела преку кои слика живописни пејсажи и различни животни.
Така на една од нејзините слики еден од моделите е претворен во човечки лебед, додека другите се претворени во пустински пејсажи или планински венци, јави „Дејли Мејл“.
Оваа талентирана 25-годишна уметничка, за сликање користи природни бои, чија база е минерална вода и термална кал, а својот стил го опишува како мешавина на реалното и нереалното.
Традиционално, уметноста на осликување на телата е популарна меѓу племињата, а и денес го практикуваат племињата од Австралија, Нов Зеланд и Пацифичките острови.