„Арт балет“ од Скопје освои седум златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Од:

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ од Скопје изминатиот викенд се закити со седум златни, пет сребрени и еден бронзен медал на Европското првенство по танц во Москва, што го организраше Светската артистичка танцова федерација (WADF).

Петнаесет балерини од „АРТ БАЛЕТ“ на возраст од 8 до 17 години, под раководство на балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска, освоија седум први места (во категориите: jazz ballet small team juniors; contemporary ballet large team mix age; jazz ballet solo adult – во изведба на Бобана Димеска; jazz ballet solo kids – во изведба на Ива Митревска; jazz ballet duo mix age – во изведба на Антонија Атанасова и Сара Димовска; contemporary ballet trio adult – во изведба на Бобана Димеска, Елена Селмановиќ и Сара Димовска; contemporary ballet trio juniors – во изведба на Зорица Тасевска, Хана Патриција Поповски и Нина Димитриоска).

Тие освоија пет втори места (во категориите: contemporary ballet solo kids – во изведба на Антонија Атанасова; acrobatic trio kids – во изведба на Ема Ханџиска, Зорица Тасевска и Марија Димовска; acrobatic small team juniors; contemporary ballet duo kids – во изведба на Елена Тренеска и Ива Митревска). балерините од „АРТ Балет“ освоија едно трето место во категорија contemporary ballet adult – во изведба на Сара Димовска и едно четврто место во категорија open adult – во изведба на Елена Селмановиќ.

На Европското првенство во Москва учествуваа над 22 држави од Европа и други континенти, 104 балетски студија и повеќе од 7 000 натпреварувачи кои се напреваруваа пред публика од над 70.000 љубители на танцот. Децата учесници беа оценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови, судии од: Русија, Белорусија, Холандија, Германија, Белгија, Италија, Полска, Чешка, Австрија, Филипините, Грција, Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Ерменија, Црна Гора, Словенија, Швајцарија, Шведска, Македонија и т.н.

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ втора година по ред ја претставува Република Северна Македонија на Европското првенство по танц во Москва. Минатата година „АРТ БАЛЕТ“ се закити со три први места, едно второ место и едно трето место во модерен балет, џез балет и акробатика. Оваа година балерините од ова студио го потврдија минатогодишниот успех и се закитија со двојно повеќе титули.

Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ оваа година замина на Европското првенство по танц во Москва со поддршка од Министерството за култура на РСМ.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска