Холандскиот дизајнер Рууд ван дер Веер, во соработка со фабриката „Easy Noise Сontrol“ дизајнираше столица која ја нарече „FirstCall“.
Формата на столицата сосема е препознатлива и по облик потсетува на слушалка на стар телефон.
Додека седите во оваа столица на многу лесен начин можете да се одвоите од амбиенталната врева.
Оваа столица може да биде и „оаза“ среде канцеларија, која ќе ви овозможи да се фокусирате на работата.
„FirstCall“ столицата доаѓа во 32 различни бои, а по желба, може да се нарача во верзија во две бои.