Една стара дрвена штала во Чешка е трансформирана во современ станбен дом во скандинавски стил.
Трансформацијата на шталата, со димензии 7,6 на 6,4 метри, траела две години, при што на дрвените ѕидови се поставени големи прозорци и стаклена лизгачка врата.
Ентериерот на куќата е едноставен со скандинавски карактеристики и индустриски елементи, во кои доминира комбинацијата на црната и белата боја, со што заедно со внимателно одбраната текстура се создава гостопримлив амбиент.
На првиот кат се сместени просторот за дневен престој, трезаријата, кујната и бањата. Кујната има бели ѕидови и таван на кој видливо се истакнати греди, а целиот амбиент е надополнет со избор на едноставни елементи во доминантно бела боја. На еден од ѕидовите е изработен и простор за складирање.
Трпезариската бела маса во комбинација со модерни столици е поставена покрај голем прозорец од кој се пружа поглед кон околината. Целиот простор во трпезаријата го надополнуваат два индустриски висечки лустери.
На другиот крај на овој отворен простор се наоѓа делот за дневен престој со црно-бела гарнитура и индустриски стил. До неа има голема лизгачка стаклена врата од која се излегува на дрвена тераса што нуди прекрасен панорамски поглед.
Бањата има индустриски акценти во декорацијата, со ѕиден туш и мијалник од камен со изразени груби аспекти. Површински монтираните инсталации и порцеланските елементи прават бањата да претставува уникатен интересен простор.
На горниот кат, до кој се доаѓа преку црни челични скали се сместени спална соба, голем орман и работна хоби соба. Спланата соба е во рустикален стил со модерен индустриски дизјан, за што придонесува мрежата од некородирачки челик со која е поделен просторот.
Еден дел на вториот кат на куќата е преуреден во катче за читање.