Една стара двокатна градба во канадскиот град Монтреал е трансформирана во модерен топол семен дом.
Дуплексот „Де Гаспе“ е редизјаниран на начин што ќе овозможи тој да биде пријатно место за живеење на две возрасни особи и две деца.
Дизјанерите се решиле за современа фасада, со што градбата целосно се вклопува во околниот амбиент. На задниот дел е задржана оригиналната ѕидна фасада, додека на предниот дел на дуплексот ѕидот е отсратнет и искористен за изградба на тераса.
Елементите во кујната се сместени во единствен блок, а од неа се пружа поглед кон заедничките простории во дуплексот.
Собата за дневен престој е усогласена со кујната. Таа има високи тавани, што овзоможува влез на светлина од катот до призмјето. Целиот простор е опкружен со дрвени рамки, а елегантната полица за книги е искористена како параван за затскривање на скалите што водат до катот.
Поцинкуваниот челик е искористен за раздвојување на внатрешноста од надворешниот простор и да се направи контраст со црните елементи на фасадата и оградата во дворот.