Нијансата на жолтата, позната како „сенф“ боја, најчесто важи за остра, абразивна и целосно непривлечна, но ако се употреби во ентериерот во вистинска мерка, таа може целосно да го трансформира просторот и да создаде интересни и сосема едноставни комбинации.
„Сенф“ или мустрад бојата вообичаесно се комбинира со неутрални бои, како сива, црна, бела или кафена, но може да се употреби и во комбинација со розова или виолетова со што на целиот ентериер му дава по женствена карактеристика.
Во комбинација со соодветно одбрани елементи на столици, додатоци или завеси, „сенф“ бојата може да создаде луксузни делови во домот. Ваков ентериер во комбинација со крем боја на ѕидовите создава беспрекорен изглед.
„Сенф“ бојата може да се користи во собите за дневен престој во комбинација со потемни нијанси и со соодветен избор на боите на ѕидовите. Тоа посебно е припорачливо за помали простории. Таа по правило не се користи во спалните и детските соби, но експериментите при уредувањето на домот понекогаш може да доведат до интересни решенија.