Просторот во поткровјето на една стара фабрика во Лондон е трансформиран во живописен стан со суптилен ентериер, кој со својата разиграност и уметнички стил шири добри вибрации на секој чекор.
Делот од станот во кој се сместени дневниот престој, трпезаријата и кујната претставува единстевна отворена целина исполената со многу природна светлина, која му дава посебен тон на целиот амбиент.
Со употреба на бројни линии, во тој дел од станот е постигната динамика кој го насочува и пренасочува вниманието кон сите агли на ентериерот.
Покрај отворениот простор, станот има уште две простории кои се преуредени во спални соби, кои за разлика од динамиката во социјалниот дел, се карактеризираат со тишина, мир и спокојство. Ваквото чувство е постигната со помош на нијансите на белата и светло кафената боја и со минималистичкиот пристап во декорот.
Во целиот стан доминира индустрискиот стил, кој е видлив преку бетонскиот таван, нагласените цевки и прозорците.