Брачна двојка од полскиот град Мисловице реши да го преуреди својот стан во нов дизајн кој ќе претставува комбинација на старото и модерното со примена на вонвременски минимализам, во кој како придружен детал се елементите во жолта боја.
Во дневната соба доминира голем камин околку кој се распоредени бел регал, две идентични масички со дрвени табли и две комфорни фотелји. Сите елементи се свртени кон ѕидот на кој има лизгачки панели, зад кои се затскриени телевизорот и полиците за книги.
Кујната има изложени панели од тули, со минималистички избрани елементи во црно-бела комбинација.
Трпезаријата е со необичен дизјан. Еден од ѕидовите има мапа која му дава карактеристика на целиот простор во кој доминираат жолти столици и маса, чиј дизјан одговара на дрвените масички во дневната соба.
Спалната соба има смирувачки дизјан, кон кој се надополнува дрвениот под со црно-бел декор. Подната ламба и дава индустриска карактеристика на просторијата, додека модерните ноќни масички со жолти акценти обезбедуваат кохезија на ентериерот.
Спалната соба е одвоена од бањата со преграда од разнобојно стакло и метал. Дизајнот на бањата е едноставен со два мијалници на дрвена платформа и правоаголно огледало со жолти детали.
Жолтата како боја доминира низ целиот стан, што му дава весела, светла и модерна карактеристика.