Во Мадрид се наоѓа стан од 20 метри квадратни, чиј ентериер е така осмислен што овозможува доволен простор за комотен живот на едно лице.
Станот е така уреден што остава впечаток дека претставува една целина, а не мал простор поделен на повеќе делови, што остава впечаток на поголема пространост.
Мебелот во станот е во минималистички стил и дизајн, а комбинацијата на пастелни и јаки бои само дополнително придонесува за поттикнување на чувството на пространост.
Овој стан е речиси идеален за самци на кои не им пречи интимноста на ваквиот амбиент.