Карамелизиранот шеќер во топли жолти нијанси и во портокалова и кафена боја, кои заедно овоможуваат игра на светлина, е искористен за изградба на еден несекојдневен стакленик.
Дизајниран и конструиран од страна на уметникот Вилијам Ламсон, овој функционален стакленик, кој се наоѓа во Њујорк, е целосно изолиран како простор за размислување. Стакленикот го прави својот уметнички исказ низ иновативниот дизајн.
Функционалната стаклена градина е составена од 162 прозорци. Шеќерот се вари на различна температура и со него се поврзуваат панелите од прозорските стакла, кои се составени внимателно со цел да создадат различни композиции со еднаква динамика и секогаш да го менуваат отсјајот во зависост од сончевите зраци во текот на денот.
Во текот на летото, стаклените шеќерни плочи можат да се отворат, за да се овозможи вентилација, а во текот на зимскиот период тие се затворени за да ги заштитата трите минијатурни цитруси кои растат во неа.
Стаклената градина нуди дијалог меѓу транспарентноста и непробојноста, која го инспирира внатрешниот дијалог меѓу разумот и душата.