Современата вила многу убаво ја користи предноста на својата положба на самиот брег.
Традиционалниот покрив на куќата елегантно се спротиставува на големите прозорци и го прави овој дом совршено место за одмор и релаксација.
Вилата е карактеристична поради огромната трикатна дневна/трпезарија од стаклени ѕидови од каде се гледа брегот и заливот.
Големата дрвена тереса пружа прекрасен поглед на морето.
На самиот влез се наоѓа голема дрвена кујна со дрвени тавани и голема просторија наменета за готвење и дружење со пријателите.
Дневната соба со камин се отвара кон терасата. Но, и од спалните соби и бањите исто така, се гледа прекрасниот пејсаж.