Љубителите на МУЈИ архитектурата го сакат стилот на овој бренд заснован на јапонскиот концепт „су“, кој значи обично или неукрасено.
Новата колекција на муји бараки се состои од три префабрикувани куќи опишани како засолништа од секојдневаната градска врева.
Едната барака е од алуминиум со димензии 3х3 и 3,4,5 метри наликува на алуминиумски контејнер. Во неа не мора да има ниту електрична енергија ниту вода. Но, сепак бараката има два ката и ѕидови изолирани со пена, солидна конструкција и може да биде поставена на која било локација.
Втората барака има дизајн на кабина и е од дрво. Таа е поголема и има традиционална јапонска бања, камин и две големи лизгачки стаклени панели.
Третата колиба е од плута и може да биде поставена покрај термален извор или покрај море.