Куќата се наоѓа во заливот Света Хелена, Јужна Африка и нуди прекрасен поглед на околните пејсажи.
Вилата е наменета за младо семејство со цел да послужи како дестинација за одмор и дружење со пријателите.
Влезот во куќата се наоѓа на катот. Ова ниво е осмислено како зона за дружење, а во долниот дел од куќата се спалните соби. Гортното ниво е континуиран простор кој со лизгачка стаклена врата е поврзан со базенот.
Дневната соба, трпезаријата и кујната се поврзани и делат отворен простор.
Стаклените прозорци од подот до таванот ги поврзуваат просториите со импресивната околина.