Во шумскиот дел на долината на реката Тејн, северно од националниот парт „Дартмур“ во југозападна Англија, е изградена соларна колиба, која претставува совршено место за бегство од градскиот живот.
Колибата „Аут оф д Воли“ („Надвор од Долината“) нуди врвен квалитет на живеење, при што е водено сметка за модерните еколошки стандарди и почитувањето на природата.
Со својата минималистичка естетика, за што придонесува и јапонската шоу суфи бан техника на градба, колибата го нуди луксузот на градското живеење надвор од градот.
Црниот брановиден покрив, темниот екстериер и тремот од дабово дрво, овоможуваат куќата да се вклопи во шумското опкружување.
Отворениот минималистички ентериер го отсликуваат мебелот изработен од англиски јасен и даб, големиот кревет сместен во еден од ќошевите и кујнските елементи поставени дијагонално од него.
Колибата има и бања, која е опремена со сите неопходни елементи на еден современ тоалет.