Во иранскиот град Исфахан се наоѓа куќата „131“, која е целосно изградена од бетон.
Исфахан е познат како „град на градините“, па архитектите на куќата воделе сметка да проектираат структура која ќе ја вклопи културата на одгледување растенија во внатрешноста и во грубото опкружување на „131“.
За да се добие поголем простор, архитектите предвидела подземни просотрии, кои се поврзани со екстериерот формирајќи двор сместен под блиската сообраќајница.
Бетонската структура на куќата наликува на склопени коцки со неправилен распоред, кои овозможуваат постоење на поголем број балкони и мали градини и нудат можност за влез на големо количество природна светлина со употребата на големи прозорци и преградни стаклени ѕидови.
Подот и скалите во куќата се изработени од тврдо дрво, што со својата текстура е во контраст од бетонот и со челичните огради на скалите и балконите.
Наспроти големиот број прозорци од кои се нуди поглед кон дворот и околината, целата структура на куќата е така поставена за да обезбеди доволна приватноста на нејзините станари.