На островот Кејп Бретон во канадската провинција Нова Шкотска е изградена современа куќа од која се пружа прекрасен поглед кон стрмниот брег, острите карпи и океанската шири.
Сместена на самиот брег на Атлантскиот Океан, куќата е дизјанирана со цел да се вклопи во околниот амбиент, па така нејзиното опкружување ја дефинира структурата на градбата и материјалите од кои е изградена.
„Скелетот“ на куќата го сочинува метална конструкција, кон која се придодадени гипсани елементи што креираат удобна атмосфера, која визуелно се шири кон надворешноста.
Големите стаклени прозорци „ја отвораат“ внатрешноста на куќата кон дворот, со што се обезбедува поврзаност на ентериерот и опкружувањето, креирајќи структура со современ изглед и едноставни површини.
Во отворениот простор за дневен престој и во спалните соби доминираат елементи од дрво со минималистички декор, што создава гостиљубива и топла атмосфера во целата куќа.