Во шпанскоот медитеранско место Коста дел Сол е изградена модерна сончева куќа во која доминираат јаки бои, како жолтата и виолетовата, кои придонесуваат целиот објект да зрачи со енергија.
Жолтата боја се среќава во дневната соба, каде таа е прекрасно избалансирана со светло сивите нијанси. Ваквите бои овозможуваат поголема рефлексија на светлината во внатрешноста, што остава впечаток на одлична осветленост и топлина.
Во трпезаријата е применета комбинација на жолти тонови со нијанси на зелената боја, која доминираа и во природното опкружување на куќата. Стилскиот мебел само додава дополнителен сјај и отменост.
Во кујната се применти нијанси на бојата на лавандата, што претставуваат вовед во виолетовите тонови што доминираат во спаланата соба и создаваат смирувачи ефект.