Јужноафриканскиот дизјанер Луис Хенри Бурман, познат по своите гламурозни дизјани, декорираше еден стан во Париз, кој се карактериизра со софистициран луксуз кој нуди комфор и спојоство.
Сите елементи во станот, од тепихот, преку мебелот и кваките на вратите, па се до лустерите, се изработени според највисоките стандарди.
Станот од 325 метри квадратни, сместен на авенијата „Монтањ“ во луксузниот „Златен триаголник“ на Париз, претставува раскошна мешавина на традиционалната француска елеганција со модерната технологија и современиот стил.
Највпечатлив дел во станот е витражот со пердув од паун поставен во ходникот, инспириран од „Бел Епок“, за чија изработка на Бурман му била потребна една година. – Осмислив нешто што ќе создаде моќен ефект во кој било период од годината. Сакав при влезот во станот посетителите да бидат „поздравени“ од бои и светлина, вели Бурман.
Друг импресивен детал во станот се рачно насликаните свилени завеси на прозорците, преку кои светлината се шири низ целиот стан.