Мајкл Беиц е многу вешт дизајнер кој се потпира исклучиво на дрвото, како материјал при креирањето на своите комплексни скулптурни дела.
Неговите парчиња се исто така и повеќе функционални како на пример масите „Tree Picnic“ и „Not Now“.
„Tree Picnic“ претставува маса за пикник со големина од 15.30 метри, која го имитира стеблото на дрвото и неговите гранки, што исто така претставуваше инспирација за оваа маса.
„Not Now“ е парче дрво долго 5,5 метри кое креира јазол на средина, претставувајќи повторно редизајнирање на класичната трпезариска маса од перспектива на антисоцијален дизајн.