На врвот на планинскиот венец Истбеј, над градот Оукленд, е изгрдадена вилата „Скајлајн Хаус“ од која се пружа прекрасен поглед на мостот „Голден Гејт“ и на заливот на Сан Франциско.
Куќата од задната страна има голема тераса, која изгледа како продолжение на дневната соба, што придонесува за есенцијално зголемување на квадратурата на вилата.
Предниот и задниот дел на куќата се поврзани преку кујната и трпезаријата, создавајќи екстензивен простор за јадење сместен крај градината.
Над терасата се недвиснува покривот со брановидна форма, кој обезбедува заштита од Сонцето и воедно го привлекува фокусот на неа.