Во американскиот град Сан Антонио е изградена една иновативна семејна куќа, чиј имепратив е одржување на баланс меѓу иновативната технологија и старата техника.
На зелениот покрив на куќата се поставени фотонапонски панели и систем за прибирање дождовници, што заедно со осветлувањето со ЛЕД светилки, целиот објект го прави евтин за одржување.
Пасивните системи, како што се адаптерите и надстрешниците, се изработени на начин што ќе овозможи намалување на потрошувачката на соларната енергија.
Над призмејето на куќата е изграден меѓукат, од кој поаѓа мал мост што минува над базенот и завршува во кујната и дневната соба, која има голема лизгачка врата што се протега преку целиот ѕид.
Од дневната соба се излегува на тераса со природна надстрешница од дрва, крај која има мала градина од која се пружа поглед кон целиот град.
Куќата се карактеризира со функционалност и љубов кон природата, па може да биде пример за изградба на еколкишки и модерни станбени објекти.