Во култниот париски кварт Монмартр се наоѓа еден стан од 80 метри кавдратни, кој со ентериерските решенија се претвори во еден од најубавите апартмани во францускиот главен град.
Од станот се пружа прекрасен поглед кон падините со високи дрвореди и кон базиликата „Сакре Кер“.
Станот се наоѓа во зграда изградена во парискиот Хаусман стил, што му озвоможува автентичност и услови за влез на големо количество светлина.
За подот на станот се користени кермаика и цемент и со примена на кретивен пристап е создаден модерен и функционален дом, кој нуди услови за уживање.