На грчкиот остров Крит се наоѓа еден модерн стан со шарен ентериер, кој е инспириран од сезонските промени што настануват во текот на годишните времиња.
Идејата на дизјанерите била секоја соба во станот да биде во согласност со карактеристиките на едно годишно време. Ентериерот во секоја соба зрачи со позитивна енергија која доаѓа од употребените бои и природните материјали.
Кујната, која е со површина од 20 метри квадратни, е модерна, свежа, светла и ергономска. Таа има тапети во ведри бои кои внесуваат дух на пролетен ветер, што влијае позитвно на расположението уште при приготвувањето на утринското кафе.
На површина од 40 метри кавдратни се сместени дневниот престој и трпезаријата, кои се опремени со ентериер од природни матријали, оригинално осветлување и нијанси на бои кои потестуваат на есента.
Тиркизната боја на ѕидот од спалната соба треба да потсетува на водна шир и летото, што создава чувство на опуштеност и сила која се манифестири и преку остантиот мебел.