Во австралискиот град Мелбурн е изградена современа семејна куќа во викторијански стил, која со својот необичен дизјан воспоставува баланс меѓу индустирската естетика и станбениот комфор.
Куќата од едната страна е поврзана со улицата и од другата го заобиколува внатрешниот двор. На ваквиот необичен изглед е надоврзан косиот покрив и мудрото позиционирање на фасадата.
Горниот кат е изграден од цигли премачкани со црни тули, кои се така поставени што грациозно се отвораат кон покривната тераса.
Стилот во внатрешноста на куќата е модерен со карактеристики од средината на минатиот век, кон кои се придодадени аксесоари во различни бои, кои стануваат поживописни под влијание на големото количество светлина што влегува во домот.
Во поголемиот број простории доминира белата боја, која дополнително до истакнува изобилството на светлина.
Од кујната се излегува во внатрешниот двор, кој се протега крај главната спална соба, а во неговиот состав се наоѓа и базен прекриен со бели тули.