Во британскиот главен град Лондон е изградена семејната куќа „Хопкинс Хуас“, која е вистински пример на раната хај-тек архитектура, што се какрктеризира со употреба на бетонски блокови, метални рамки и стаклени ѕидови.
„Хопкинс Хаус“ се состои од две нивоа, кои меѓусебно се поврзани со подвижен мост. Гледано од надвор, се добива впечаток дека куќата има само еден, а не два ката.
Куќата има двојна намена. Од една страна таа е семен дом за брачна двојка со три деца, но од друга во исто време е и канцелариски простор. Меѓутоа, и покрај ваквата двоја намена, куќата нема стандардна поделба на стамбен и работен дел.
Внатрешноста на куќата е поделена со пластични панели прекриени со меламин, со кои се одвоени бањата и спалните соби, додека останатите простории се целосно отворени.