Во историското место Теларајд во американска сојузна држава Колорадо се наоѓа куќата „Волш“, која многумина ја оценуваат како ремек дело на генијалниот архитект Џон Посон, познат по својата минималистичка естетика.
Двокатната куќа со својот рустикален стил, претставува совршена комбинација на метал, дрво и камен, со што одлично се вклопува во рударскиот амбиент на Теларајд.
Ентериерот на „Волш“ е пример за минималиситчкиот стил, кој во овој случај воопшто не е здодевен или едноличен.
Куќата има четири спални соби сместени во приземјето, во чии ентериер се вклопени бетон и мермер во комбинација со светли пастелни бои, што е во контраст со планинскиот пејзаж што ја опкружува.
На катот се наоѓаат кујната, трпезаријата и дневната соба, од каде се излегува на протсрана тераса од која се пружа поглед на блиската планина Сан Хуан.