Вештачкиот архипелаг „The World“ во Дубаи, кој е составен од над 300 острови, наскоро ќе стане дом за 33 луксузни резиденции. Секоја од нив ќе има сопствена градина, базен и плажа направена по нарачка на клиентот.
Вештачкиот архиплаг е дизајниран во форма на седумте континенти и се простира на површина од 931 хектари, што е девет километри во ширина и седум во должина. На него ќе бидат изградени резиденции, комерцијални подрачја со одморалишта, како и транзитни пристаништа за траекти и туристички зони.
Планот за изградба на вештачкиот архипелаг им е понуден и на Малдивите и на Мајами.