Студиото „Архитект Прајнис“ реконструираше еден бунгалов во Калифорнија, изграден во 30-те години на минатиот век, давајќи му модерен дизајн без компромитирање на оригиналниот карактер на овој дом.
Доградбата во задниот дел на куќата е инспирирана од отворениот план на просторот, кој дава можност за создавање на дел за сместување, додека во исто време ја потенцира кујната и заедничките простории како средиште на домот. Дневната соба и трпезаријата се проширени за да се зголеми нивната функционалност и удобност.
За да се задржат постоечките елементи на овој бунгалов и неговите оригинални особини, доградбата е споена со него со глазирано стакло, кое креира две затворени градини и обилува со природна светлина во бањата и работната соба. Иако многу мал, со новиот волумен, овој бунгалов станал своевидна оаза за уживање и лагоден живот, кон кое и се стремеле неговите сопственици.
Со оглед на малиот буџет кој им бил на располагање кога работеле на овој проект, дизајнерите го центрирале изгледот на дополнителниот волумен и биле инспирирани од структура што има многу едноставна конструкција со многу прозорци.
Преку овие прозорци, сопствениците и нивните гости можат да уживаат во поглед на крошните на дрвјата, со што е креирана совршена поврзаност на ентериерот на куќата со нејзиниот раскошен зелен екстериер.