Старата шумска колиба La Colombiere сместена недалеку од Монтреал во тек на еден проект, од едноставно и еднокатно шумско засолниште е претворено во удобен трокатен дом со луксузен амбиент и минимално влијание на околината.
Сопственикот на оваа куќа Сузана Рочон барала постоечката квадратура на конструкцијата да остане иста, за да не нанесе штета на шумата и околината со нејзиното ширење.
Од оваа причина архитектите граделе вертикално, инспирирани од гранките на дрвјата и крошните. Ниту едно дрво не е исечено во текот на проектот и избегната е употреба на тешка машинерија за намалување на влијанието на природната средина.
Станбениот трокатен објект е обложен со дрво кедар во темна боја, кој претставува референца на околните четинари, додека вертикалниот ентериер е офарбан во бело.
Дневниот престој е сместен на приземниот спрат, додека спалните соби и бањата се сместени на првиот спрат. Вториот кат е опремен со многу убаво организирани прозорци и надворешна накривена тераса од својата западна страна.