ФОТО: Раскошниот ранч на Џон Хендрикс во Колорадо

Од:

Основачот и претседател на медиумска компанија специјализирана за забавни содржини „Дискавери Комуникајшн“, Џон Хендрикс го продава својот огромен ранч во американската сојузна држава Колорадо за цена од 149 милиони долари.

Ако ранчот биде продаде по оваа цена, тоа ќе биде рекордна сума за овој регион на САД. Ранчот се простира на 7.000 хектари земјиште и е опколен со црвено обоени кањони и карпи.

Главната резиденција на ранчот има над 2.000 метри кавдратни, осум спални соби и осум бањи. Исто така, има и голема соба, формална трпезарија, кујна, кино сала, уметничко студио, просотрија за вежбање, голема соба за забава и студио.

Пред резиденцијата се наоѓа голем базен од над 325 метри квадратни опколен со карпи. Веднаш крај базенот има и опсерваторија со ротирачка бакарна купола за набљудување на ѕвездите на небото.

Семејството Хендрикс го купило ранчот „Вест Крик“ во 1995 година, а за да ги заштитат дивите животни и природните живеалишта во регионот со време додавале и соседни парцели.

На овој дел на земјиштето не можат да се градат нови патишта или градби, а идните станати своите денови ќе можат да ги поминуваат во планинарење, јавање, возење велосипед или во риболов.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска