Меѓу современите креативни куќи со модерен и урбан дизјан, како посебно впечатлива се издвојува пространата вила „Оук Пас“, дело на архитектонското студио „Вокер Воркшоп“.
Куќата со површина од 744 метри квадратни е сместена на падините на Беверли Хилс, па стрмниот предел е искористен за сместување на просторот за дневен престој, под спалните соби.
Самата куќа е со компактен дизајн и е совршено интегрирана во околниот пејсаж, во прилог на што оди и покривот прекриен со пиродно зеленило.
Во дворот на куќата има отворен базен, а приватноста на целиот имот е обезбедна со високи зелени џбунови, засадни долж рабовите на парцелата.
Целокупниот дизајн на куќата претставува вистинска атракција, а воедно ја прави и еколошка и енергетски самоодржлива.