„Crystal Rock“ светилките се дело на израелскиот дизајнер Арик Леви.
Овие лампи не се од камено време, туку припаѓаат на иднината како фузија меѓу природата и човекот, светлината и рефлексијата, транспарентноста и масата.
Сите овие карактеристики се собраа во рамки на совршено дизајнирани форми и остри линии, кои си играат со светлосните зраци.
Проѕирните лампи Crystal Rock ќe обезбедат мека светлина во текот на денот, а динамично осветлување ноќе.
Малите ЛЕД сијалички во кристалните конструкции ја нагласуваат формата на „каменот“, кој во просторот изгледа како ѕвезда што паѓа.