На коралниот остров Фут’с Кеј, во слатководната лагуна Си оф Абако на Бахамите, се изградени две луксузни куќи сместени среде високи кокосови палми и бујна вегетација.
Како симбол на луксузот, овие куќи имаат по четири апартмани уредени во островско-колонијален стил, со заоблени тавани, масивни врати и раскошни тремови за одмор и опуштање.
На источниот брег има мала, интимна плажа со бисерно бел песок, а на западниот дел пак, има уште еднаа, исто така необична плажа со поглед кон зајдисонцето.
Цената на оваа „Еденска градина“ на Бахамите, односно целиот приватен остров, изнесува 16 милиони долари.