Најновиот филм од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд 007, Skyfall вечерва имаше светска премиера во Ројал Алберт Хол во Лондон.
На проекцијата присуствуваа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила како и главните ѕвезди на ова остварување – Даниел Крег, Џуди Денч и Хавиер Бардем.
Приходот од вечерашната гала проекција ќе биде наменет за хуманитарните организации кои ги помагаат припадниците на британските разузнавачки служби.
Skyfalл е 23-ти филм од популарниот серијал. Режисер на филмот е Сем Мендес, а во улогата на агентот 007 повторно е Даниел Крег.
Џуди Денч ја игра шефицата „М“, а улогата на негативец овој пат му припадна на шпанскиот актер Хавиер Бардем.