Во близина на градот Стимбоут Спринг во американската созјуна држава Колорадо е изграден прекрасен ранч, кој се наоѓа на надморска висина од 860 метри.
Планинскиот ранч е дизјаниран во рустикален стил и е прилагоден за одмор и релаксација. Од куќата се пружаат преубави погледи кон околните планини и блиските скијачки патеки.
Куќата има голема соба со дрвени греди, топол под и камин, која претставува „срце“ на ранчот и која е поделена на два дела.
Спалната соба, исто така опремена со камин, има тераса свртена кон запад, од каде може да се набљудува заоѓањето на сонцето. Покрај оваа, на горниот кат има уште една помала спална соба и бања.
Дополнително, куќата има и винска соба со капацитет за 1.500 шишиња, со вграден бар со гранитни детали и столици.
Ранчот има и два гаражи со капаците за прием на седум автомобили, кои можат да се користат и како работилница.