„Артономос“ е компанија од Хонгконг, која креира уникатни и префинети предмети за вашиот дом.
Еден од најубавите предмети кој е дел од нивниот асортиман е исклучителниот послужавник кој носи назив „Confluence“, а е дизајниран така што да потсетува на топографска мапа.
Направен е од брезово дрво со сјајни завршни детали поради декорација, а и заштита.
Пејзажот што овде е „мапиран“ е долина со меандри, додека на него има место за шест филџани чај. Чајникот и филџаните се поставуваат на „планини“ додека долината која се наоѓа под нив се користи како резервоар, доколку чајот се истури.
Ова парче навистина е префинето и чини 1.700 долари. Многумина мислат дека ова е премногу за парче кое е толку едноставно и јасно, но првите сто сетови веќе се продадени.