Повеќенаменскиот дизајн стана многу важен сегмент на модерниот живот додека забрзаниот тек на урбаниот животен стил се потпира на декор и дизајн наменет на индивидуите.
Студиото претставува релаксирачки и креативен канцелариски простор далеку од гужвата на големиот град и место каде семејството и пријателите можат да го поминуваат своето време.
Динамичниот и разновиден работен простор поставен е врз постоечка станбена единица и е изграден со употреба на многу лесна рамка со која се редуцира стресот на долната структура.
Рециклираните челични панели од стари бродски транспортни контејнери го зголемуваат ведриот амбиент на канцеларијата. Рамката креирана од вертикални и хоризонтални греди подигната над покривот на куќата пружа простор за дренажа на дождовницата.
Декорот е едноставен и минималистички, додека светларниците на канцеларијата и обезбедуваат природна светлина.
Полуотворениот концепт и надворешната површина комплетирани се со канцелариска тераса, која се претвора во простор за забава.