Во поткровјето на една стара зграда во канадскиот град Ванкувер, кој првично била користена како луксузен хотел, изграден е модерен дуплекс стан, од кој се пружа прекрасен поглед кон околината.
Компактното поткровје на две нивоа, со вкупна површина од 148 метри кавдсртни, се карактеризира со единствен дизајн, во кој до израз доаѓаат ефикасноста и практичноста на домот во кој е обезбедена визуелна пространмост и софистицираност.
Стилски декорираната дневна соба зрачи со својот грациозен изглед, кон кој се надоврзуваат и трепезарискиот простор и кујната во европски стил.
Кон горниот дел на станот, каде се сместени спалната соба и канцеларија, водат бетонски скали со стаклена ограда.
На функционалноста на станот се надоврзува светларникот со прозорци во класичен изглед, кои овозможуваат влез на бранови природна светлина во внатрешноста.