ФОТО: Пластиката како детаљ во ентериерот

Од:

Употребата на пластиката во ентериерот е една од главните причинини за полемики меѓу дизајнерите.

Некои веруваат дека евтината и практична пластика е иднина на ентериерот, додека други повеќе сакаат природни материјали и ги отфрлаат синтетичките материјали.

Сепак денес дизајнерите од целиот свет произведуваат колекции мебел, кои делумно или во целина се направени од пластика.

plasticni-stolici1

Пластиката во дизајнот започнала да се користи кон средината на минатиот век. Луѓето ја користеле со големо воодушевување, а потоа од 1960 година овој материјал доживе вистински процут.

Тоа делумно се објаснува со фактот дека меѓународната јавност му „објави војна“ на пустошењето на природа. Иако пластиката порано се користела само за производство на апарати за домаќинство, сега дизајнерите видео потенцијал во овој материјал за создавање на необични парчиња мебел.

plasticni-stolici2

По две децении пластика стана неодминлив дел од мебелот. Но, луѓето тогаш утврдија дека пластиката е токсична при согорувањето и е со краток век на тарење.

Критиките кон овој вид материјал не доаѓаа само од друштвата за заштита на животната средина, туку и од некои дизајнери кои забележале дека старата пластика изгледа лошо.

plasticni-stolici3

Денес меѓу тоа цел мебел и декор од пластика има „Еко“ карактеристики. На пазарот постојат неколку видови на полиетилен, пропилен и поликарбонати, кои се еколошки за разлика од нивните претходници.

Оваа пластика „дише“ и содржи минимални токсични елементи.

plasticni-stolici4

Така денес, со помош на пластиката, можете да креирате емитација од дрво и камен, како и непроѕирни и транспарентни предмети за домаќинство.

Палетата на бои и текстурата се шири скоро секојдневно. Денешната пластика е отпорна на топлина и изгледа одлично во домаќинството.

plasticni-stolici5

Мебелот од пластика лесно се вклопува во декорот на модерниот ентериер. Тој често се употребува во комбинација со производи од други материјали, со што го прави ентериерот едноставен.

И додека футуристичкиот мебел на луди нијанси и натаму се смета за егзотичен, масите и столиците направени од природна пластика се повеќе се среќават во трпезариите.

plasticni-stolici6

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска