ФОТО: Планинска викендичка крај езерото Тахо

Од:

Калифорниското езерото Тахо и олимпиското село во негова близина се познати ширум светот по прекрасните пејсажи и одличните скијачки терени, кои привлекуваат голем број туристи од САД и од странство.

Во срцето на овој прекрасен планински амбиент е изградена викендичката „Кристал Клир“, која е целосно поплочена со дрво од надворешната страна, создавајќи амбиент на класично зимско одморалиште со современ архитектонски стил.

Ентериерот на куќата изобилува со едноставност, која е обезбедена со примена на одважни бои со цел главниот фокус да остане на неодоливиот пејзаж во нејзиното опкружување.

Комфроност и попростран изглед од вистинскиот се обебзедени со користење на различни прозорци на секој кат од викендичката, на што се надополнува и примената на големи лизагачки врати меѓу просториите и кон делот каде е сместен базенот.

Ентериертот и екстериерот се поставени во совршен баланс, а со примената на ефикасни стакларници и платформи се обебзедува чувство на радост и пространост.

Контрастот и топлината во ентериерот се остварени со комбинација на дрвените елементи во мебелот и прекрасниот камин, кои се така осмислени што оддаваат чувство на целосна хомогеност.

Приземјето на кое се наоѓаат дневниот престој, трпезаријата и кујната со уредно дизајнирани склаила е поврзано со горниот кат, каде што се сместени спалните соби и спа зоната.

Вака проектираната градба во комбинација со избрабниот мебел ја прави куќата восхитувача и несекојдневна.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска